Ќерката на Весна Бејби, Мина, наполни 17 години. Таа роденденот го прослави со мајка си и со неколку пријатели, а Весна објави слики.
„Среќна 17ка маме. Мина, те сакам колку сите зрнца во песокот“, напиша Весна.
Актерката често знае да каже дека Мина е најубавото нешто што ѝ се случило во животот. „Таа е мојот најголем херој, борец и бескрајно топол човек. Неверојатно колку има насмевка за сите премрежија што ги минува“.
Освен Мина, Весна го има и синот Кирил, кој повеќе од една година живее во САД кај својот татко Јанко.