Тиктокерка и гуру за убавина Изабел Лукс објави видео во кое открива неколку совети против стареење.
„Имам 30 години, но навистина не остарев откако имав 21 или 22 години. Мислам дека би можела да направам серија за она што мислам дека сум го направила и што може да им помогне на другите“, вели во видеото Лукс.
Првиот совет на Изабела е да се спие помеѓу осум и девет часа навечер. Може тоа изгледа многу вели таа, но важно е навистина да се подмладат сите ваши клетки преку ноќ, објаснува таа. Од 23 часот до полноќ, процесот на обновување на кожата ја доживува својата кулминација.
Нејзиниот друг совет е да се спие на грб наместо на стомак или на страна. Според неа, спиењето на грб ќе го спречи создавањето на брчки на страните на лицето во близина на очите.
Нејзиниот следен совет е да пиете многу вода и да ја готвите ваша храна. Списокот на здравствени придобивки од водата за пиење е неверојатно долг. Освен што ви помага да го одржите младешкиот сјај, водата го помага варењето и го нормализира крвниот притисок.
@isabelle.lux Reverse Aging pt 1 #reverseaging #antiagingskincare #30s #1991 #skincareroutine #facemassage #guasha ♬ original sound – Isabelle ⚡️ Lux