Градоначникот на Аеродром Тимчо Муцунски утрово им подели рози на жените кои се дел од комуналните служби во Аеродром. Тој вели дека е горд што денеска кога светот го празнува Меѓународниот ден на жената, имал можност лично и со рози да им го честитам празникот.
“ Имав можност да застанам и да им го честитам празникот токму на жените кои со својата работа секојдневно даваат значаен придонес за нормално функционирање на општината. Со нивната сила и посветеност, тие докажуваат дека сите сме еднакви, рамноправни и заеднички даваме придонес кон почиста и поубава животна средина. Им се заблагодаривме за трудот и личниот придонес кој тие го даваат за сите да живееме во почиста и поубава општина. За мене е вистинско задоволство да соработувам со сите вредни и посветени жени“, вели градоначаникот Тимчо Муцунски.