Новиот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, седна на кафе во маало со неговите противкандидати. Откако го победи и кандидатот на СДСМ, Алекандар Филиповски-Цанде, фотографијата од дружбата во аеродромското кафуле беше вистинско освежување.
„Ги поканив моите противкандидати на кафе дружење за да испратиме порака за обединување кое не само на Аеродром, туку и на цела Македонија ѝ е потребно. Сè ова го направив со цел да излеземе од оваа состојба во која се наоѓаме и да го подобриме животот на нашите сограѓани.
Секоја идеја, секој проект кој е од интерес на граѓаните ќе го прифатам и реализирам. Аеродром е на сите нас. Заедно да придонесеме за нашето маало„, рече новиот градоначаник на Аеродром Тимчо Муцунски.






