Деветнаесет годишно момче е осудено на доживотна казна затвор за убиство за кое мајка му го пријавила во полиција. Џошуа Делбоно го убил својот 16 годишниот Чарли Бејтс за време на една масовна тепачка на две групи во Радсток.
Казната затвор му е одредена, откако поротата го прогласи за виновен по двенеделното судење. Делбоно признал дека го прободел Чарли, но негирал дека го убил, тврдејќи дека во тоа време бранел свој пријател, пишува „Би-би-си“.
„Мојот син уби некого. Сега е во мојата куќа и не можам да го пуштам никаде“, рече мајка му.
Чарли умрел откако бил избоден на паркинг во близина на градска библиотека. Судот дознал дека бил со уште шест пријатели, кога се пресретнале со другата група во која бил Делбон.
Поротата слушнала дека постоела историја на лоши односи меѓу жртвите. Прво почнале да се навредуваат, а потоа избила тепачка. Неколку секунди подоцна, обвинетиот излегол со нож во рацете и го прободел Чарли неколку пати.
Инцидентот траел помалку од пет минути. По убиството, Делбоно заминал до езерото Ширвотер во близина на Ворминстер во Вилтшир, каде го фрлил ножот и запалил дел од облеката.
Еден од неговата група го снимил инцидентот на телефон.