Том Круз и фрли око на Шакира: Таа е мојот потенцијален животен партнер

Том Круз и фрли око на Шакира: Таа е мојот потенцијален животен партнер

пред 2 години

Пред неколку недели за време на Формула 1 Гран прито на Мајами, Шакира беше забележана во друштво на холивудскиот актер Том Круз.

Медиумите од таа средба известуваат дека актерот бил апсолутно маѓепсан од пејачката, дури и на својот близок круг пријатели им раскажал дека чувствува хемија со неа што сака да ја истражува. Но, според извор близок до Шакира, кој зборувал за Дејли Мирор, на пејачката и годеле комплиментите од Том меѓутоа сепак останала незаинтересирана за врска со актерот. Според најновите информации на британските и американските медиуми, Том Круз го задржал својот интерес на високо ниво за Шакира бидејќи навистина чувствувал дека има хемија со пејачката и тој веќе направл неколку последователни гестови и потези за да го освои нејзиното срце.

„Откако ја запозна Шакира, Том Круз беше убеден дека запознал потенцијален партнер за цел живот. Тоа беше брзо и едноставно покажува како некои мажи никогаш не ја добиваат пораката. Само затоа што жената е пријателски настроена кон вас, не значи дека таа очајно ве сака. Сè почнало да станува чудно кога Том Круз, наводно, постојано спомнувал дека Шакира е неговата жена од соништата. Тоа сигурно ќе го исплаши секој човек, а камоли жена“, пишува Мирор.

Share
Scroll to Top