Тони Зен, Анастасија, Таско и Раста ќе настапат на Open Air фестивалот во Скопје

Тони Зен, Анастасија, Таско и Раста ќе настапат на Open Air фестивалот во Скопје

пред 2 години

Викендов во Ист Гејт во Скопје ќе почне концерт Open Air – East Gate Mall Connect Festival. Скопјани во наредните неколку викенди ќе можат да се забавуваат со хитовите на некои од најголемите балкански и домашни ѕвезди.

Овој петок публиката ќе ја забавуваат Брескавица, Инас и раперот Таско, додека во сабота на 04.06 ќе настапат милениците на публиката ТHCV и одличните Клинац и Тони Зен.

Во наредниот период се очекува да пристигнат и Раста, Елена Китиќ, Анастасија Ражнатовиќ, С.А.Ф. Бед Копи, Пајак, Диџеј Боно и Кристина Димитри, Диџеј Леа, Тракер, Луна и многу други.

„Ова ќе биде еден од најголемите музички проекти кои се работеле во нашата земја. Се потрудивме да ги обезбедиме во моментот најголемите музички имиња, но не само тоа, се обидовме да ги задоволиме вкусовите на речиси сите генерации кои сакаат квалитетна музика“, рекоа организаторите.

Влезниците веќе се пуштени во продажба и тоа во „East Gate Mall“, како и онлајн преку продажната мрежа на www.kupikarta.com. Истите ќе се продаваат по цена од: 600 денари за дневна карта , викенд-карта ќе чини 1.000 денари, додека блок-карта чини 3.000 денари.

Share
Scroll to Top