Тони Цетински славеше годишнина брак со сопругата Дубравка

Тони Цетински славеше годишнина брак со сопругата Дубравка

пред 1 година

Хрватскиот пејач Тони Цетински и неговата сопруга Дубравка прославија девет години брак. Парот се венчаше во Лас Вегас во јануари 2014 година, по осум месеци врска, а седум години подоцна си размениле брачни завети пред црковниот олтар во Загреб.

„Среќна годишнина, ангелу мој. Твојот маж те сака и да продолжиме да бидеме благословени со секој чекор и момент заедно“, и напиша Тони Цетински на Инстаграм на својата сопруга Дубравка.

По повод црковната венчавка пејачот на социјалните мрежи порача:

„Мажи, сакајте ги своите жени како што Христос ја сакаше Црквата и се предаде себеси за неа“,  напиша Тони во септември 2021 година, кој минатиот викенд имаше причина за уште една прослава.

Имено, неговиот татко Мирко Цетински беше одликуван со орден од неговиот град Ровињ, кој потоа им го посвети на своите сограѓани.

Share
Scroll to Top