Тој човек ме уценува, рече Карлеуша откако сопругот на Марина Туцаковиќ ѝ го избриша „Јутјуб“ каналот ѝ ја обвини за злоупотреба на авторски права

Тој човек ме уценува, рече Карлеуша откако сопругот на Марина Туцаковиќ ѝ го избриша „Јутјуб“ каналот ѝ ја обвини за злоупотреба на авторски права

пред 1 година

Јелена Карлеуша го обвини сопругот на Марина Туцаковиќ, познатиот композитор Александар Радуловиќ Фута, дека ја уценувал со тоа што ѝ го изгаснал „Јутјуб“ каналот и сите нејзини песни на него. Тој пак ја обвини дека ги злоупотребила авторските права на неговата сопруга.

Фута рече дека неговите адвокати покренале судска постапка против Карлеуша, но и други естрадни ѕвезди. На каналот на Карлеуша на „Јутјуб“ беа прикажани сите нејзини најголеми хитови и музички спотови, а беше затворен откако пејачката претходно доби неколку ограничувања на оваа платформа.

Фута објасни дека биле злоупотребени авторските права кои биле во сопственост на неговата покојна сопруга Марина Туцаковиќ, пренесе „Нова.рс“. Додаде и дека Карлеуша не е единствената личност против која се покренати правни постапки.

„Тоа е точно. Има разни луѓе на кои сега ќе им се затворат каналите. Не знам кои песни, кои луѓе, кои канали, тимот го прави тоа во мое име. Не ги знам поединечно, ама ги има многу на број. Во прашање е Законот за авторски права, кој конечно има функција да ги штити авторите, бидејќи оваа глупост за присвојување на авторските права од пејачите нема никаква смисла. Со овој закон се решава тоа. Вака ми објаснија од мојот тим, а јас ги почитувам авторските права поврзани со Законот, авторските права на Марина Туцаковиќ и Милан Лаќа“, рече Фута за „Нова.рс“.

Се огласи и Карлеуша која рече дека е разочарана од она низ што поминува со сопругот на Марина.

„Мојот канал на „Јутјуб“, наскоро ќе биде обновен. Сопругот на Марина се обидува со уцена и измама незаконски да го искористи минатиот труд на неговата покојна сопруга и да ме изнудува, но секако дека нема да успее. Наместо неговата горчлива судбина да го научи да биде подобар човек, тој го покажа своето болно и алчно лице. Судот и мојот правен тим сега се занимаваат со овој проблем. Повеќе нема да зборувам на оваа тема бидејќи ми е под чест“, рече Карлеуша за Телеграф.рс.

За потсетување, Марина Туцаковиќ беше една од најуспешните текстописци на Балканот и автор на бројни хитови. Со сопругот создаваа песни, а по нејзините стапки тргна и нивниот син Милан Лаќа Радуловиќ, кој почина на крајот на минатата година. И Марина и Милан соработуваа со Карлеуша, која пак од неодамна ги избриша сите фотографии и на „Инстаграм“.

Карлеуша ги избриша сите фотографии на „Инстаграм“

 

Share
Scroll to Top