Тренерот на Том Круз во Украина испраќа воена опрема од филмовите

Тренерот на Том Круз во Украина испраќа воена опрема од филмовите

пред 3 години

Тренерот на Том Круз, Џон Бартон, кој е и поранешен маринец и советник во холивудската продукција, испраќа воена опрема од филмовите во Украина. Опремата која ја испраќа преку Варшава, претходно се изнајмувала за содржините во забавната индустрија.

Според неговите пресметки, досега испразнил околу 800 магацини, пренесува Hollywood Reporter. Во хуманитарната мисија против руската агресија му помагаат и колеги ветерани и цивили. Украина досега има испратено стотина униформи, чизми, штитници за колена и рамена и прсулци.

За да се осигура дека целата опрема стигнала во Украина, Бартон рече дека соработувал со украинскиот центар од Лос Анџелес. Целата пратка патувала преку Варшава со помош на логистичката група Meest Group.

„Ни рекоа дека сите работи ќе бидат сигурно обезбедени и ќе стигнат во Киев“, рече Бартон, кој додаде дека размислувал и самиот тој да се пријави како волонтер во Меѓународната легија на територијална одбрана на Украина.

Сепак се откажал кога неговиот пријател, каскадерот Шон Балентајн, му предложил да им испратат неколку од нивните маскирани униформи.

„Тогаш ми светна сијаличката. Повеќе можам да направам од тука, од САД, со својата професионална мрежа на колеги ветерани претприемачи кои ги имам низ целата земја. Украинската влада ги бараше овие работи, а ние од приватниот сектор можеме да им ги обезбедиме“, рече Бартон.

За време на воената кариера тој минал години во маринците, а служел и во војната во Ирак во 2003 година. По војската тој ѝ се посветил на забавната индустрија каде помага во воените операции и ги испронува оружјата на малите екрани.

Тренирал и со холивудските ѕвезди Том Круз, Кристен Стјуарт, Крис Хемсворт. Освен тоа работел и како технички советник на бројни филмови меѓу кои и оние од продукцијата на „Марвел“. Соработувал и во креирање на сцените во познатите телевизиски серии како „НЦИС“ и „Злосторнички умови“. Во некои од нив и глумел.

Share
Scroll to Top