Тренер извади фудбалер од игра кој можеше да го урне рекордот на Меси

пред 2 години

Екипата на Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето во Лига шампиони, по победата на Лајпциг од 7:0. Пет од головите ги даде Норвежанецот Халанд. Навивачите реагираа и му се налутија на тренрот Гвардиола кој го извади од игра во 63 минута и го спречи да го сруши рекордот на Меси.

Халанд даде голови во 22, 24, 45, 54 и 57 минута и со тоа стана третиот играч во историјата во Лига шампиони кој постигнал пет голови на еден натпревар. Пред него тоа успеа да го направи Лионел Меси со Барселона против Баерн Леверкузем и Луиз Адриано за Шахтјор во мечот со Бате Борисов.

„Знам дека Меси даде пет головим, но Халанд успеа да даде пет за само 60 минути, што не е случај со Меси. Халанд е млад и најдобро што можев да направам е да му ја скратам шансата да постигне шест голови. Ако го постигнеше ова на 22 години ќе влезеше во историјата. Тој е одличен фудбалер и секогаш е фокусиран на играта“, рече Гвардиола по натпреварот.

За потсетување Халанд на 22 години стана најмладиот фудбалер кој постигна 30 голови во Лига шампиони, а сега има даадено 33 и тоа на само 25 одиграни натпревари.

„Кога излегов од игра му реков на Гвардиола дека сакав да постгинам двапати хет-трик, но што е, тука е“, рече Норвежанецот по натпреварот.

Халанд со 39 голови во досегашниот дел од сезоната стана клупски рекордер по бројот на погодоци во една сезона. Досегашниот рекорд го држи Томи Џонсон од 1929 година, кога даде 38 голови.

 

Share
Scroll to Top