Третпат одложена премиерата на „Брзи и бесни 9“

Третпат одложена премиерата на „Брзи и бесни 9“

пред 4 години

Филмот „Брзи и бесни 9“, кој требаше да има премиера годинава во мај, ќе почне да се прикажува во кината на 28 мај 2021 година. Според „Холивуд репортер“, ова е трето одложување на премиерата на филмот, а сè заради пандемијата со короната.

„Филмските студија не се сигурни дека нивните хитови ќе поминат добро на бокс офисот ако ги промовираат сега. Очекуваме дека и други филмови ќе го следат примерот на ‘Брзи и бесни’ и дека ќе има уште многу одложувања до крајот на годината“, пишува филмското списание.

Пред само неколку дена беше откажана и премиерата на филмот „No Time to Die“ за тајниот агент Џејмс Бонд, па филмот ќе почне да игра во кино на 2 април 2021 година.

Share
Scroll to Top