Три дами се појавија во истиот црн фустан на „Сен Лорен“ на филмскиот фестивал во Венеција

Три дами се појавија во истиот црн фустан на „Сен Лорен“ на филмскиот фестивал во Венеција

пред 9 месеци

Вечерва започна филмскиот фестивал во Венеција и голем број на холовудски глумци и глумици се појавија на црвениот тепих и покрај штрајкот кој во моментов се случува во Холивуд.

Сепак еден момент кој го забележаа голем број модни критичари, се трите дами кои се појавиле во идентичен црн фустан од брендот „Сен Лорен“ за 2023 година.

Прва со овој фустан на црвениот тепих се појави шпанската актерка Милена Смит. По неа во истиот се прошета и италијанската бизнисменка Кристина Фогаци, а третата беше мистериозна гостинка.

За многумина модни дизајнери ова е ноќен кошмар и е нешто што луксузните дизајнерски куќи обично сакаат да го избегнат. Фустанот е долг до подот, со драматично деколте и обвиени ракави до лактите во комбинација со структуриран горен дел.

Сите три изгледаа исто како што е прикажан во каталогот на колекцијата, со една алка на зглобот, обетка и класичен црвен кармин на усните. Единствено се разликуваа по накитот. За потсетување, за овој фустан потребно е да се издвојат дури 6.800 долари.

Share
Scroll to Top