Турската актерка Мелиса Донгел била силувана од нејзиниот татко: мајка ми не ми веруваше, сакав да се самоубијам

Турската актерка Мелиса Донгел била силувана од нејзиниот татко: мајка ми не ми веруваше, сакав да се самоубијам

пред 2 години

Турската актерка Мелиса Донгел имала многу тешко и трауматично детство. Таа како дете била сексуално злоупотребувана од нејзиниот татко. Таа сега има успешен живот, откако се појави со улоги во неколку познати турски серии „Немирно лето“,„Наша приказна“ и „Елиф“.

23-годишната турска актерка во јули 2021 година, покренала правна постапка против нејзиниот татко и почнала да го презема старателството над нејзината помлада, тогаш 17-годишна сестра. Таа како тинејџерка била жртва на сексуална злоупотреба од нејзиниот татко, па затоа сега сакала да ја спаси нејзината сестра да не го доживее истото.

„Уморна сум од животот во кој се преправам како ништо да не се случило. Едвај го преживеав детството. Мајка ми не ми веруваше. Ми велеше: „Не оди во полиција, ќе го затворат татко ти, потоа ќе го ослободат и тој ќе те убие. Во куќата секогаш имаше насилство. Нѐ удираше и нѐ шамараше за секоја ситница. Ми ја скрши раката само затоа што отидов во парк со другарка ми”, открила актерката и додала дека малтретирањето почнало во средно училиште, но дека не можела порано да реагира и да каже што се случува, од страв.

Мајката на Мелиса  јавно признала дека не верувала во тврдењата на нејзината ќерка.

„Ќерка ми пред две години ми кажа дека татко ѝ ја малтретирал, но јас не верував бидејќи никогаш не го видов тоа“, рекла таа.

Мелиса доби огромна поддршка од турската јавност, па дури и беше отворен хаштагот #MelisaDöngelYalnızDeğildir (Мелиса Донгел не е сама).

По доживеаната траума турската актерка долго време не можела да се справи состојбата, па со години одиела на психотерапија.

„Не можев да кажам бидејќи татко ми постојано ми се закануваше дека ќе ми стави крај на актерската кариера и дека нема да ме пушта да одам на училиште. Дури се обидов да се самоубијам. Не се сеќавам колку пати бев хоспитализирана. Потоа зажалив и се запрашав, зошто си го правам ова себеси?’ Но, не можев да се воздржам“, изјавила актерката.

Share
Scroll to Top