Пејачката Емина Јаховиќ ја очекува ново судење со бившиот сопруг Мустафа Сандал поради неисплатена алиментација за синовите Јаман и Јавуз.
„Тоа продолжува и ќе продолжи. Во мојот случај се работи само за принципот што мора да се почитува и одговорноста што мора да се преземе. Адвокатите си ја вршат својата работа, јас не им се мешам“, вели Јаховиќ за „Стори“.
На прашањето дали турските медиуми конечно станале пообјективни по ова прашање, Емина призна дека работите не се многу променети. Таа раскажа дека сите натписи во весниците секогаш се на страната на нејзиниот бивши сопруг, но дека не се грижи повеќе за тоа затоа што сака да ужива во слободата.
„Скоро ја запознав слободата и морам да признаам дека нема цена. Долго време мислев дека љубомората и забранувањата во врските се доказ за љубовта. Сега разбирам дека вистински може да те сака само оној кој дозволува да леташ слободно, се издигнуваш и уживаш гледајќи те во сета своја слава, а потоа секогаш му се враќаш уште позаљубено“, раскажала пејачката.