Поранешниот тренер на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ утрово бил приведен во Босна и Херцеговина, пренесуваат медиумите во оваа земја.
Претходно за Мамиќ била распишана меѓународна потерница, откако тој не се појавил на отслужување на казната во Хрватска.
Мамиќ бил осуден на четири години и осум месеци казна затвор за нелегално извлекување на пари од Динамо Загреб.
Тој ќе биде изведен пред судија, а доколку се утврди дека има државјанство на Босна и Херцеговина, нема да може да биде екстрадиран во Хрватска.
Истата процедура ја помина и Здравко Мамиќ кој беше прогласен за бегалец, а во моментов е во Босна и Херцеговина.
Зоран Мамиќ ќе оди во затвор, тренерот на „Динамо Загреб“ си поднесе оставка