Уапсен пејачот Александар Тарабунов: Ме туркаа во комбе ко најголем криминалец

пред 4 години

 

Македонскиот поп- пејач Александар Тарабунов се пожали дека го уапсила полиција во Битола. Вели, апсењето било како како да е најголем криминалец. Тој вчера имал настап во еден битолски локал, каде му дошле фановите , а на неговиот профил имаше многу објави од атмосферата таму.

Кон крајот на вечерта сподели дека бил уапсен.

„Вчера вечерта бев уапсен во Битола каде што настапував, како да сум најголем криминалец. Со лисици, со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ништо. Изрежираа дека се противам на началникот и дека немам лична карта, иако се обидов да ја покажам и заедно со сопственикот на локалот не’ држеа до 8 сабајле.

Спијте мирно луѓе, нема веќе криминал, се’ е решено“ – напиша тој видно револтиран на својот инстаграм профил.

 

Share
Scroll to Top