Уапсен приватен детектив во Берлин, осомничен за снимањето на аферата „Ибица“, која ја потресе Австрија

Уапсен приватен детектив во Берлин, осомничен за снимањето на аферата „Ибица“, која ја потресе Австрија

пред 3 години

Германската полиција го уапси главниот осомничен за кој се сомнева дека е организатор на снимањето на таканаречената афера „Ибица“, по која, како резултат на истата, беше соборен врвот на Австриската партија за слобода (ФПО), а потоа беше срушена и австриската влада.

Станува збор за приватниот детектив Џулијан Х. кој како што пренесуваат медиумите, се криел во Берлин. Тој бил специјализиран за индустриска шпионажа и заедно со еден адвокат од Виена, важел за главниот кој бил одговорен за снимањето на ова видео.

Џулијан ангажирал девојка која глумела дека е внука на еден руски милијардер и изнајмила вила, во која било снимено седучасовното видео. На состаноците со тогашниот потпретседател на (ФПО), Јохан Гуденус и наводната руска милијардерка, тој глумел преведувач и придружник.

Во видеото се слуша разговор на теми како што се и донациите на партиите. По година дена бегство, тој на основа на европска потерница е уапсен. Клучно за неговото апсење била информацијата која стигнала од романската полиција.

Било јавено дека од Букурешт, Џулијан со лет стигнал од источна Европа во Белрин, каде се криел. Со апсењето на главниот осомничен, австриската полиција сега се надева дека ќе се дознае идентитетот на девојката која ја глумела Русинката, како и изворот кој го финансирал снимањето.

Тогашниот лидер на (ФПО) и вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе бил принуден во мај, пред година дена да си поднесе оставка од сите политички функции, поради содржините на разговорот во видеото.

Штрахе на Русинката ѝ понудил државна работа, а за возврат барал финансиска помош на неговата партија со заобиколување на ревизорските власти.

 

 

Share
Scroll to Top