Уапсен Рајан Гигс, легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед

Уапсен Рајан Гигс, легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед

пред 3 години

Легендата на „Манчестер Јунајтед“ и актуелен селектор на Велс, Рајан Гигс, е уапсен поради семејно насилство. Тој бил приведен во полиција бидејќи ја претепал девојката Кејт Гревил. Откако платил кауција, Гигс е пуштен од притвор.

Полицијата дошла во домот на ексфудбалерот по пријава за вознемирување. Гигс ѝ нанел лесни повреди на својата девојка, па таа го пријавила за насилство.

„Девојката добила помали повреди и не ѝ е потребно лекување“, стои во полицискиот извештај.

Кејт Гревил

Поради инцидентот на Гигс, Фудбалскиот сојуз на Велс ја одложи денешната планирана прес конференција.

Рајан и Кејт се во врска од 2017 година, а почнале да се гледаат седум месеци откако Рајан се разведе од сопругата Стејси. Во тоа време во јавноста се дозна дека Рајан со години ја изневерувал сопругата со Наташа, девојката на својот брат Родри.

Share
Scroll to Top