Убиен aктерот Томас Џеферсон Бирд, ѕвезда на филмовите на Спајк Ли

пред 4 години

Американскиот актер Томас Џеферсон Бирд, кој глумеше во бројни филмови на Спајк Ли,  застрелан е во Атланта. Полицијата го пронашла 70-годишниот актер во саботата наутро со неколку куршуми во грбот, изјавил портпаролот во понеделникот. Лекарите упатени на местото каде што бил пронајден, можеле само да ја констатираат смртта.

Истрагата за инцидентот е во тек, а полицијата досега не уапсила никого.

Актерот со големо театарско искуство, Томас Џеферсон Бирд се појави во филмот дури на 45-годишна возраст кога Спајк Ли му понуди споредна улога во филмот „Ситни дилери“. Тој успеа да го наметне својот актерски и нетипичен изглед во филмскиот свет на Спајк Ли, а потоа почнаа да го ангажираат и од други режисери. Сепак, тој е најпознат по учеството во проектите на Спајк Ли. Неодамна глумеше во серијата „She’s Gotta Have It“ (2017 – 2019) и во филмот „Chi-Raq“ (2015).

Спајк Ли, во неделата, на Инстаграм му посвети неколку објави, изрази сочувство до семејството и додаде дека е „многу тажен“.

Share
Scroll to Top