Поради технички проблеми со софтверот, УЕФА попладнево од втор обид ги извлече осминафиналните двојки во Лигата на шампионите.
Како и при првата жрепка што беше извлечена точно напладне, бранителот на трофејот, Челси, за противник го доби француски Лил, а Манчестер јунајтед, место со ПСЖ, ќе игра против
Атлетико Мадрид,
Лига на шампионите, осмина-финале:
Салцбург – Баерн Минхен, Спортинг – Манчестер сити, Бенфика – Ајакс, Челси – Лил, Атлетико – Манчестер јунајтед, Вилјареал – Јувентус, Интер – Ливерпул, ПСЖ – Реал Мадрид.
Првите средби ќе се играат на 15/16/22/23 февруари, а реваншите се на програмата 8/9/15/16 март.