„Ужасно се чувствувам, не можам да зборувам“ - Курчубиќ е во болница со корона

„Ужасно се чувствувам, не можам да зборувам“ – Курчубиќ е во болница со корона

пред 3 години

Српскиот актер Иван Бекјарев деветти ден е во болница во Лесковац поради корона. Иако првите денови имал само температура и се чувствувал подобро, состојбата во меѓувреме му се влошила, па за српските медиуми рекол дека му е многу тешко и не знае кога ќе го пуштат дома.

„Ужасно се чувствувам, не знам до кога ќе останам во болница. Не можам да зборувам, не ми е ни малку подобро“, рекол популарниот Курчубиќ.

Актерот бил примен во болницата во Лесковац пред девет дена, откако добил висока температура на снимањето на филмот „Беше еднаш во Србија“. Тој имал 39.2, но температурата полека се симнала. Третиот ден за медиумите рекол дека му е подобро, не кашла и нема други симптоми, па очекува да го пуштат, но состојбата му се влошила.

Освен Бекјарев, од корона во моментов се заразени и Жарко Лаушевиќ, Анѓелка Прпиќ, Весна Чипчиќ и неколку други актери.

Share
Scroll to Top