Улица во Берово ќе го носи името на Жан Кофол, загинатиот пожарникар од Словенија

Улица во Берово ќе го носи името на Жан Кофол, загинатиот пожарникар од Словенија

пред 2 години

Улица во Берово ќе го носи името на Жан Кофол, пожарникарот од Словенија кој загина во сообраќајна несреќа, а учествуваше во гаснењето на пожарите во Малешевијата. Одлуката ја донесе Совет на Општина Берово, па така  улица ,,20” се преименува во ,,Жан Кофол” .

„Искажувањето на постхумно признание и благодарност за поддршката што ја даде Кофол за Берово и Малешевијата е наша обврска и сметам дека истото ќе значи за семејството на прерано загинатиот пожарникар. Општината е должна да искаже почит на оние кои навистина ја заслужиле, а Кофол тоа вистински го заслужи непосредно пред неговата смрт“, рече градоначалникот на Берово

Жан Кофол загина во сообраќајна несреќа во близината на Нова Горица, на 28 септември, еден ден пред неговиот 20-ти роденден. Еден месец претходно тој доброволно учествуваше во справување со пожарите, кои беснееја во Малешевијата.

 

Share
Scroll to Top