Упорен бугарски програмер по 154 обиди доби одговор од Илон Маск: Веројатно нема да те тужиме

Упорен бугарски програмер по 154 обиди доби одговор од Илон Маск: Веројатно нема да те тужиме

пред 3 години

Упорноста некогаш се исплати – ова неодамна го докажа и бугарскиот програмер Љубомир Владимиров.

Тој на Твитер го прашал Илон Маск дали може да го користи неговиот лик и лого за видео играта која ја развива. Играта се заснова на компанијата на Маск, „SpaceX“ и планот за колонизација на Марс, во која Илон би бил еден од ликовите.

„Драг Илон. Јас сум девелопер на видео игри и моментално работам на една во која сте вие и „SpaceX“. Ако мислите дека тоа е во ред, сè што ми треба е вашата потврда дека смеам да го користам вашето име и лого. Ќе го објавувам ова цела година, секој ден додека не добијам одговор. 154/365“, напишал програмерот, со тоа означувајќи ја 154-та објава.

 

 

По 22 недели односно 154 дена, милијардерот конечно му одговорил „Можеш да нѝ го украдеш името и логото, веројатно нема да те тужиме“, напишал Маск во свој стил.

По оваа објава, Владимиров одговорил дека веднаш се враќа на работа, но и му пишал дека ќе му плати 80 отсто од профитот доколку видео играта навистина биде успешна.

Share
Scroll to Top