Уште една несреќа за време на снимањето на филмот „Рѓа“, член од екипата го каснал отровен пајак

Уште една несреќа за време на снимањето на филмот „Рѓа“, член од екипата го каснал отровен пајак

пред 3 години

По страшната трагедија која се случи на 22 октомври, кога Алек Болдвин ја застрела снимателката Халина Хачинс, светските медиуми објавија за уште една несреќа која се случила за време на сетот. Станува збор за еден од членовите на екипата, кој бил каснат од отровен пајак.

Џејсон Милер сега би можел да ја изгуби раката, велат лица упатени во случајот. Несреќниот настан се случил додека Џејсон им помагал на другите да ја затворат сцената по несреќата во која Болдвин ја застрела Хачинс. Милер го каснал пајак од многу отровен вид, пренесе „Њујорк пост“.

Тој неколку дена потоа доживеал некроза, односно умирање на клетките во ткивото и добил сепса.

Share
Scroll to Top