Германската фабрика за играчки Hermann-Spielwaren произведе кадифено мече во чест на германската канцеларка Ангела Меркел, која заминува од функцијата по 16 години.
Кадифеното мече е високо 40 сантиметри, ја има фризурата на канцеларката, а шепите му се споени во положба како што Меркел ги држи најчесто рацете, познато и како „Ромбот на Меркел“.
Од мечето Меркел ќе бидат произведени само 500 примероци од „мечето Меркел“ и играчката ќе се продава за 189 евра. Шестнаесеттиот произведен примерок ќе ѝ биде подарен на канцеларката.
Истата фабрика претходно произведе мечиња кои потсетуваат на поранешниот американски претседател Барак Обама, поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит и британската кралица Елизабета Втора.