Фановите на „Сексот и градот“ мислат дека Кери има деменција во новите епизоди

Фановите на „Сексот и градот“ мислат дека Кери има деменција во новите епизоди

пред 2 години

Фановите на серијата „Сексот и градот“ мислат дека Кери Бредшо има деменција во новите епизоди, пишува „Дејли мејл“. Овие теории ги поттикна сцената од втората епизода кога Кери вели дека го ставила кафето во замрзнувачот, а потоа среде разговор со Миранда заборава што зборуваат.

Сцената на Миранда и Кери предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Некои фанови велат дека однесувањето на Кери е знак на болест, а други, иако се согласија дека нејзините постапки се чудни, сепак велат дека таа можеби била само збунета од стрес и тага поради смртта на Ѕверката.

„Чекајте, дали Кери доживува рани знаци на деменција или Алцхајмерова болест? Ве молам, не“, „Кери има деменција? Што се случува? Новите епизоди ме тераат да се онесвестам“, „Кери е во почетна фаза на деменција, а кафето во замрзнувачот е знак“, пишуваат на „Твитер“.

Новата серија, што се прикажува на „Ејч-би-о“ веќе има три епизоди, а фановите не го кријат своето разочарување. Во првата епизода умира Ѕверката, еден од омилените ликови, Саманта не се ни појавува, а никој од главните ликови нема секс. Фановите на серијата велат дека „Сексот и градот“ ја загубил магијата и дека серијата воопшто не требаше ни да се сними.

 

 

 

 

 

 

Share
Scroll to Top