Фелисити Хофман ја доби првата улога откако излезе од затвор

Фелисити Хофман ја доби првата улога откако излезе од затвор

пред 4 години

Глумицата Фелисити Хофман, позната и како Линет Скаво од серијата „Очајни домаќинки“, ја доби првата улога откако излезе од затвор, а по скандалот со уписот на факултет на нејзината ќерка. Таа ќе глуми во комедија, жена чиј сопруг починал, а таа го наследува неговиот бејзбол тим. Серијата за сега нема име, ниту се знае кој ќе глуми во неа, но, според „Дедлајн“ магазинот, таа ќе се прикажува на „Еј-би-си“ на лето.

По скандалот со уписите на факултет, Хофман ретко се појавува во јавноста. Таа ја отслужи казната и доби 250 часа општественокорисна работа. Таа плати и 30.000 долари казна и треба да отслужи 1 година условна казна затвор, осносно да не го повтори делото. За истото дело, во скандалот со уписите на факултет, беше осудена и глумицата Лори Лофлин, која во моментов е во затвор, заедно со нејзиниот маж.

 

Share
Scroll to Top