Филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи ќе се прикаже во Кинотека по повод 15 години од премиерата

Филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи ќе се прикаже во Кинотека по повод 15 години од премиерата

пред 2 години

На 20 октомври во Кинотеката на Македонија ќе се прикаже филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи, по повод 15 години од неговата премиера. Дебитантскиот долгометражен игран филм на Иванов, во 2007 година најпрвин беше прикажан на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари и беше во конкуренција за наградата East of West Award, а подоцна ја освои и Наградата за најдобра режија на фестивалот во Валенсија, Mostra de Valеncia-Cinema del Mediterrani.

dobivaj vesti na viber

Филмот „Превртено“ ја имаше македонската премиера на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола во 2007 година и претставува еден од последните македонски играни филмови снимени на 35мм лента. Работен е според романот „Папокот на светот“ на Венко Андоновски, кој е и ко-сценарист на филмот.

На повторното прикажување на филмот ќе му се оддаде почит и на починатиот македонски актер Синиша Кајевски, кој има една од главните улоги во филмот. Во „Превртено“ глумат и Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Марија Кондовска, Јордан Симонов, Ѓорѓи Јолевски, Силвија Јовановска-Стојановска, Лабина Митевска, Камка Тоциновски и други.

Превртено“ е приказна за Јан Лудвик, млад човек кој ѝ припаѓа на загубената транзициска генерација во нашето општество, генерација родена во социјализмот, но живее и е сведок на рудиментарниот капитализам. Се работи за урбана приказна за животот на младите луѓе во Скопје, на почетокот на деведесеттите години на 20. век.

Share
Scroll to Top