Филмот „Red notice“ го сруши рекордот во гледаност на Нетфликс уште првиот ден

Филмот „Red notice“ го сруши рекордот во гледаност на Нетфликс уште првиот ден

пред 3 години

Најновиот филм на платформата Нетфликс, „Црвено известување“ (англ. Red notice) со Двејн Џонсон, Рајан Рејнолдс и Гал Гадот го сруши рекордот на гледаност на првиот ден од објавувањето. Тој дебитира на платформата на 12 ноември.

Рејнолдс прв сподели на „Твитер“ дека филмот го срушил рекордот за најгледан филм на првиот ден од прикажувањето на „Нетфликс“.

По што следеа честитките од Двејн Џонсон и Гал Гадот.

Во филмот се следи приказната за ФБИ агент (Џонсон), кој соработува со крадец (Рејнолдс) со цел да пронајдат озлогласен криминалец (Гадот).

Со буџет од 200 милиони долари, се смета дека овој филм е најскап проект на „Нетфликс“ досега.

Една недела пред објавувањето на „Нетфликс“, филмот беше прикажан во одбрани кина.

Share
Scroll to Top