Финската премиерка е под истрага поради трошоците за појадок

Финската премиерка е под истрага поради трошоците за појадок

пред 3 години

Полицијата поведе истрага против премиерката на Финска, Сана Марин, поради спорниот паричен додаток од 845 евра, за кој таа тврди дека ги покривал и трошоците за појадок и ладните оброци во нејзината официјална резиденција

Финскиот дневен весник „Илталехти“ доцна во неделата во новиот извештај објавил дека додатокот од 845 евра месечно, бил речиси три пати повеќе, од 300-та евра месечно како што процениле кога првпат ги објавиле плаќањата минатата недела.

Од кабинетот на премиерката потврдиле дека од јануари 2020 година до мај 2021 година, трошоците за користење на угостителските услуги на Марин кога живеела во официјална резиденција биле 14.363 евра или просечно 845 евра месечно.

„Оваа сума вклучува и артикли за појадок и оброци ладно послужени“, се вели во соопштението.

Марин изјавила дека ги почитувала правилата за барање на додаток, онака како и било објаснето кога стапила на должност во 2019 година.

„Не знаев дека има нејаснотии околу додатокот за доручек“; изјавила таа за националната телевизија ILE и објаснила дека и голем број од претходните премиери го користеле овој додаток.

Таа исто така рече дека правилата ќе бидат разгледани и по потреба ажурирани. Од Хелсиншката полиција изјавиле дека ќе го испитаат случајот за да утврдат дали дошло до некакви прекршувања на законите. Тие објаснија дека ќе ги истражат постапките и на персоналот, а не само на премиерката..

 

Share
Scroll to Top