Фолк пејачката Сани се разведе со вториот сопруг: До петти брак ќе идам, ама мразам да ме гушат

Фолк пејачката Сани се разведе со вториот сопруг: До петти брак ќе идам, ама мразам да ме гушат

пред 3 години

Фолк пејачката Сани Петовска се разведе со Мартин, со кого беше  2 години во брак. Двојката ја има ќрката Ева, а од предходниот брак  Сани ја има и ќерката Викторија (13). За разводот со Мартин , Сани открива во разговорот за  Репоретр.

„Сфативме дека ние двајца многу подобро функционираме како другари па затоа и решивме да ставиме крај на бракот. Ја искрено, во бракот или во врска мразам гушење и јас сум човек кој си ја сака слободата“, ни рече Сани  за разводот со Мартин Гроздновски кој е бодибилдер.

На прашањето дали планира и трт пат да се мажи, на шега вели: Трет пат?  Ма јас до 5 планирам да идам“

Таа и Мартин пред две години се запознаа на свирка во една скопска кафеана. Тогаш Сани кажуваше дека конечно се нашле и дека се среќни. На прашањето за ќерките и како тие се носат со нејзинте разводи вели : Со ќерките сме како другарки. Ме разбораат. Ние три шетаме, тераме шопинг, се сакаме, се галиме. Имам среќа што ми помагаат родителите па така успевам да постигнам се, и деца и кариера“, ни рече Сани. Во меѓувреме фолк пејачката си купи Мерцедес.

„ Си купив нова кола затоа што сметам дека заслужувам да возам и да имам нешто убаво. Наскоро ќе ве изненадам и на професионален план затоа што има неколку проекти што ги спремам“, открива Петковска.

Не ретко се зборува за неа сешто. Вели дека и покрај се, навикната е да слуша коментри за себе. “ Веќе и не ме погодува ништо што ќе напишат или или објават за мене, а веќе кога пишуваат само нека стават поголема и поубава слика“, искрена е фолк пејачката.

А. Георгиев

Share
Scroll to Top