„Форбс“ ја објави листата на починати личности со најголема заработка

„Форбс“ ја објави листата на починати личности со најголема заработка

пред 3 години

Магазинот „Форбс“, кој со децении ги објавува листите на најбогатите луѓе во светот, и оваа година направи листа на починати славни личности со најголема заработувачка. Веќе неколку години на првото место на оваа листа се наоѓа Мајкл Џексон. Кралот на поп-музиката, кој почина во 2009 година, во 2020 година „заработил“ 48 милиони долари.

Втор е доктор Сус, познат американски психолог и ТВ-водител, кој заработил 33 милиони долари, а трет е Чарлс Шулц, креаторот на „Снупи“. На листата првпат се најде и Коби Брајант, со заработка од 20 милиони долари, најмногу од продажбата на патиките Најки. На оваа листа се и Мерилин Монро, Елвис Присли, Боб Марли, Принц, Џон Ленон, Фреди Меркјури и други.

Заработката се пресметува за периодот од 1 октомври 2019 до 1 октомври 2020 година.

Share
Scroll to Top