Фотографија на Гугл мапс разреши мистерија за маж кој исчезнал пред 20 години

Фотографија на Гугл мапс разреши мистерија за маж кој исчезнал пред 20 години

пред 3 години

Конечно се разреши мистеријата за маж кој исчезнал пред дваесет години, откако Гугл Мапс сними потонат автомобил во езеро, во близина на Палм Бич, Флорида.

Потрагата по исчезнатиот Вилијам Молт започнала на 8. ноември 1997 година, но не дала никакви резултати, сè додека еден маж на мапата на Гугл не забележал потонат автомобил во езерото и ја известил полицијата.

Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата во Велингтон, открила дека автомобилот бил во вода подолго време, со оглед на тоа во каква состојба бил пронајден. Откако го извлекле од езерото, пронашле посмртни останки кои припаѓале на исчезнатиот Молт.

Тој за последен пат бил виден кога го напуштил ноќниот клуб во кој се забавувал. Околу 21:30 часот ѝ се јавил на девојката и ѝ рекол си оди дома, но никогаш не стигнал. Најверојатно Молт изгубил контрола над возилото и влетал во езерото.

Според The Charly Project, онлајн база на податоци која собирала податоци за случаи во САД, автомобилот бил видлив повеќе од 10 години. Додека еден неодамнешен извештај тврди дека сателитските снимки од возилото биле достапни на Гугл од 2007 година, но дотогаш никој не наишол на нив.

 

Share
Scroll to Top