(Фото) Адам Левин облече фустан за мерак на ќерките: Девојките сакаат да се забавуваат

(Фото) Адам Левин облече фустан за мерак на ќерките: Девојките сакаат да се забавуваат

пред 3 години

Пејачот на „Марун 5“, Адам Левин, облече розов фустан за да им направи мерак на ќерките. Тој носеше ист фустан како неговата жена, топ-моделот Бехати Принсло и ќерките Дасти Роуз (4) и Џио Грејс (3).

„Девојките сакаат да се забавуваат“, напиша 42-годишниот музичар, а фотката ја објави на „Инстаграм“.

Сликата предизика позитивни коментари во јавноста, а фановите го пофалија што прави сè за да им биде интересно на неговите деца.

Пејачот неодамна изјави дека иако му недостигаат турнеите, сепак ужива во пандемијата, затоа што има доволно време за семејството.

Share
Scroll to Top