(Фото) Актерот Иван Босиљчиќ позитивен на корона

(Фото) Актерот Иван Босиљчиќ позитивен на корона

пред 3 години

Српскиот актер Иван Босиљчиќ ја сподели веста дека е заразен со коронавирусот и дека има симптоми на болеста.

Тој е принуден да ги одложи сите обврски и претстави, а со пораката под фотографијата сакал да апелира до граѓаните да се чуваат, бидејќи можат ненамерно да заразат многу луѓе.

Актерот наведува дека колегите со кои бил во контакт, како и неговата сопруга, пејачката Јелена Томашевиќ и ќерката Нина, се негативни за коронавирусот.

„Мојот тест на ковид е позитивен, во текот на следниот период ќе закрепнувам во домашна изолација. Имам симптоми, под надзор сум на добри лекари. Исклучително ми е важно тоа што никој од над 30 колеги со кои бев секој ден, не е заразен. Исто така, моите членови на семејството се здрави. Ви благодарам за разбирањето. Се гледаме наскоро во здравје. Чувајте се“, напиша Иван.

Share
Scroll to Top