(Фото) Алек Болдвин седми пат стана татко

(Фото) Алек Болдвин седми пат стана татко

пред 3 години

Холивудскиот глумец Алек Болдвин (62) и неговата сопруга Хиларија (37) станаа родители шест месеци откако таа го роди нивното петто дете. Веста ги изненади обожавателите на актерот, кој преку социјалните мрежи се пофали дека со Хиларија пак станале родители.

„Мојот живот“, напиша Алек на сликата на која Хиларија позира со нивните шест заеднички деца. Глумецот ја има и 25-годишната ќерка Ирланд од бракот со поранешната жена, глумицата Ким Бесингер.

Полот на бебето се уште не е познат, како и тоа дали детето е посвоено или родено од сурогат мајка.

Неодамна Болдвин се пошегува дека неговата сопруга е „колекционер на бебиња“.

„Им кажувам на луѓето дека мојата сопруга е колекционер. Некои собираат автомобили, некои часовници или уметнички дела. Мојата жена собира бебиња. Едноставно обожава бебиња“, рече тој во разговор со Елен Деџенерис.

Share
Scroll to Top