(Фото) Аријана Гранде се вери вторпат: Дијамантски прстен по 10 месеци врска

(Фото) Аријана Гранде се вери вторпат: Дијамантски прстен по 10 месеци врска

пред 3 години

Светски познатата пејачка Аријана Гранде се вери по десет месеци врска со Далтон Гомез. Ова е нејзина втора свршувачка, откако пред две години беше верена за комичарот Пит Дејвидсон. Аријана на „Инстаграм“ го покажа дијамантскиот прстен што ѝ го дал нејзиниот нов дечко, кој е агент со недвижнини. „Засекогаш и малку подолго“, напиша таа покрај сликите што ги објави.

 

„Двајцата се многу среќни и возбудени, но среќни се и нивните родители“, рекол извор близок до двојката за „Пипл“.

Аријана и Далтон се во врска од февруари. Но бидејќи неколку недели подоцна почна карантинот заради короната, тие веднаш почнаа да живеат заедно во нејзиниот дом во Лос Анџелес и да се дистанцираат од другите луѓе, потврди истиот извор на „Пипл“, и рекол дека тоа што се зближиле за кратко време, ја направило нивната врска посилна.

Двојката долго време ја криеше врската од јавноста, а првпат се појавија заедно на црвениот тепих во мај, на премиерата на спотот за песната Stuck with U, што Аријана ја сними со Џастин Бибер. , Претходно, медимите постојано пишуваа за врските на Гранде и постојано ја следеа за да ја сликаат со нејзините дечковци. Па затоа, Аријана решила оваа врска да ја чува што е можно подолго скриена од нејзините фанови и медиумите.

 

 

Share
Scroll to Top