(Фото) Базен на кат, соба за масажа, нов мебел, Цеца сака да ја реновира вилата на Кипар

(Фото) Базен на кат, соба за масажа, нов мебел, Цеца сака да ја реновира вилата на Кипар

пред 4 години

Пејачката Цеца Ражнатовиќ планира да ја реновира вилата на Кипар. Таа летото често патува во Грција, на море, па сега сака да ја реновира вилата за да си направи спа-центар за себе и гостите.

Иако веќе има голем базен во дворот, Цеца на последниот кат планира да направи уште еден помал, со две џакузи и соба за масажа. Медиумите пренесоа дека за 400 квадрати колку што планира да ги реновира сака да потроши илјадници евра.

 Ceca renovira vilu na Kipru - Instagram/viki_miljkovic/printscreen

„Цеца веќе има проект за реновирање на куќата. Планира целосно да ја промени, до најситините детали. Ќе дигне уште еден трет кат на кој ќе направи спа-центар. Ќе вгради и џакузи од каде ќе има директен поглед на морето, како и сауна. Бараше да ѝ се направи и посебна соба за масажа“, открива извор близок до неа, кој објасни дека сегашниот базен нема да го допира затоа што децата обожаваат да се бањаат и сончаат покрај него.

 Ceca renovira vilu na Kipru - Instagram/viki_miljkovic/printscreen

„Огромен е и во него може да плива целото семејство. Вељко и Анастасија обожаваат да се бањаат и сончаат, а откако Цеца го доби и внукот Жељко, најмногу тој сака да се бања во него. Сепак затоа што дворот им е огромен, ќе додадат уште едно џакузи покрај него“, рече изворот.

Тој дополни дека Цеца максимално му се посветила на овој проект и дека во тоа ѝ помага кумот Вики Миљковиќ, а целиот концепт го осмислила нејзината сестра Лидија.

 Ceca renovira vilu na Kipru

„На приземје ќе има огромен дневен престој со камин, затоа што Цеца сака во куќата да престојува и во зима, а не само во лето. На катот во секоја спална соба по реновирањето ќе има свое купатило. Во вилата ќе биде вграден и лифт, со кој Цеца ќе може полесно да се качува на катовите.Со работа наводно ќе почне на есен, кога ќе бидат дадени сите дозволи за градба, а Цеца веќе на големо бира мебел, столарија и слично“, рече тој.

 

 Ceca renovira vilu na Kipru - Instagram/viki_miljkovic/printscreen
 Ceca renovira vilu na Kipru - YouTube/Ami G Show
 Ceca renovira vilu na Kipru


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top