(Фото) Бајага објавува сликовница - Reporter.mk

(Фото) Бајага објавува сликовница – Reporter.mk

пред 4 години

Откако во јавноста го објаво својот нов албум – „Овај свет се мења“, Бајага  издава и сликовница.

Замислена како едукативна игра, „Бројалица“ ќе им помогне на децата преку забава да научат да бројат до десет, додека преку визуелна стимулација ќе развијат техники на меморија.

Сликовницата е создадена врз основа на истоимената позната песна, која Бајага ја напиша за детскиот хор Колибри, а која многумина од веќе ја слушнаа и ја пееја.

Сликовницата „Бројалица“ е всушност едукативна игра, со која детето од рана возраст, читајќи стих по стих, ќе научи да брои до десет на забавен и едноставен начин. Нешто слично како во 80-те, кога „Леб и сол“ со „А, Б, В“, за серијалот „Бушава азбука“ ги научија да ја пејат азбуката.

Бајага неодамна имаше концерт во Скопје, на стадионот на АРМ, по повод 35 години музичка кариера.

„Фолиравме со бендот дека ‘442 до Београда’ е песна и за Скопје“ – со Бајага пред славеничкиот концерт

Share
Scroll to Top