Бадник во домот на познатите и кршењето лепче со паричка и годинава ги преплави социјалните мрежи. Илина Арсова објави дека годинава ќе биде бериќетка за Игор Џамбазов кој се сликаше со паричката.
Среќа имаше и пејачката Мартија Станојковиќ како и блогерката Ивона Јо, кои исто така се пофалија дека паричката паднала кај нив. Во домот на познатата инфлуенсерка Миа Костова најсреќен беше нејзиниот син Андрија.
Во домот на Тамара веќе втора година по ред паричката ја доби ќерката Хана. Некои од јавните личности пак објавија, покажаа како замесиле лепче или пита.
Сара Мејс, Кристина Арнаудова, Лила Филиповска, Калиопи, покажаа како ја подготвиле трпезата и им посакаа на своите пријатели и фанови многу среќна и бериќетна година.