Богдан Срејовиќ ја однесе неговата партнерка, пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца на романтична вечера во Кипар. Двајцата се веќе некое време на одмор на грчкиот остров, а друштво им правеше и сестрата на Цеца, Лидија.
Цеца има вила во Кипар и секогаш оди таму кога треба да се одмори од настапите и концертите, а овој пат таа за првпат го однесе и Богдан со неа. Богдан неодамна и сподели видео од вилата.