(Фото) Босанец стана херој во САД, откако извлече жена и деца од запален автомобил

(Фото) Босанец стана херој во САД, откако извлече жена и деца од запален автомобил

пред 2 години

Минатата недела Нихад Ибрахимовиќ од Босна станал вистински херој во САД, откако спаси мајка и две деца од превртен автомобил. Настанот се случил во Хартфорд, Конектикат. Веста за неверојатниот подвиг на Фејсбук ја соопшти здравствената организација која се занимава Juniper Homecare, чиј менаџер е Нихад повеќе од 17 години.

„Рано утринава, додека бил на рута за испорака на улицата Витни во Хартфорд, Нихад забележал нешто во далечина. Кога се приближувал, видел превртен автомобил среде патот. Кога го видел автомобилот како чади, знаел дека нема многу време и скокнал во акција“, стои во соопштението.

Повикал полиција и се доближил автобилот. Откако видел дека мајка и две деца се заробени внатре, го скршил прозорецот од автомобилот и успеал сите да ги извлече на безбедно.

„Ова е неверојатно несебичен и херојски напор. Благословени сме што имаме таков херој во нашиот тимr“, заклучија од организацијата.

Share
Scroll to Top