Пејачката и водителка Бојана Скендеровски наполни 37 години. Роденденот го прослави дома, со сопругот Васко, ќерката Искра и синот Ѓорѓи. Тие ја изненадија со букет цвеќе и торта во форма на срце на која се насликани ликовите од нејзините деца. Иако дома, Бојана уживаше во роденденот, а потоа објави и слики од забавата.
„За мене единица мерка за среќа се емоциите, јас сум среќна жена кога ќе пребројам во која количина ги добивам и враќам секојдневно. Среќна сум со сè што добивам и губам, грешам и со сè во што сум беспрекорна, плачам и се смеам на цел глас! Денес полнам 37 години и научив дека љубовта со љубов се враќа, а доброто што го правите за некој друг, ја зголемува вашата лична среќа. На здравје пријатели“, напиша Бојана.
За потсетување, по пауза од неколку години, таа неодамна ја промовираше песната „Круна“, а им ја посвети на нејзините деца.