Познатиот мајкап артист Александар Дадар е на одмор во Анталија, Турција. Веќе неколку дена е таму, па ни откри дка конечно, по цела една година нашол време и за себе и за одмор.
„По оваа напорна година заради која се затворивме сите, конечно решив и јас да отидам на море. Малку сонце и топол ветер, но и супер друштво е одлична комбинација да се помине Велигден во Анталија“, вели Дадар.
Александар Билјановски – Дадар речиси 20 години ги разубавува дамите. Сеедно дали се тоа од јавниот живот или сосема обичните девојки и жени кои доаѓаат во неговиот салон, Дадар вели дека за него е предизвик кога треба некого да разубави.
Иако шминкањето е неговата прва љубов, од неодама се зафати со нов тренд, подмладување со хијелурон пена, постапка која сега е асполутен хит.