(Фото) Викторија објави слика од Бекам и ќерка им Харпер која ги згрози фановите

(Фото) Викторија објави слика од Бекам и ќерка им Харпер која ги згрози фановите

пред 3 години

Модната креаторка и поранешна пејачка Викторија Бекам објави фотографија од нејзиниот сопруг Дејвид Бекам и нивната девет годишна ќерка Харпер Севен, која ги згрози фановите. Таа објави фотографија на која Бекам и Харпер се бакнуваат во уста.

Ова не е првпат таа да објави ваква слична фотографија, но голем број на фанови на социјалните мрежи напишаа бројни коментари во кои тие го осудија Дејвид Бекам.

За голем број од нив, како родители, велат дека ваквото однесување е неприфатливо.

„Има голем број фотографии на кои овој лик ја бакнува ќерка му во уста. Почнувам да се чувствувам незгодно кога ќе го видам. Твојата ќерка има и образи, почни да ја бакнуваш во нив. Зошто родителите ги бакнуваат своите деца во уста? Мислам дека тоа е одраз на непочитување кон нив. Никогаш нема да разберам зошто ја бакнуваш на овој начин. Бакнувај ја својата жена, а Харпер Севен самата нека ги дожиее таквите искуства кога ќе биде доволно стара“, биле некои од коментарите на фановите кои го осудија ваквото однесување на поранешниот фудбалер.

Сепак имало и такви кои застанаа во одбрана на Бекам.

„Прекрасна фотографија. Имам 35 години и го бакнував мојот татко во уста до минатиот викенд, кога почина од тешка болест. Ова е една од најубавите фотографии. Нека се срамат тие кои тврдат дека ова е погрешно. Секогаш го бакнувам мојот син во уста, ако не се согласувате со тоа, тоа е ваш чуден проблем. Прекрасна фотографија, не постои ништо лошо во тоа. Мојата ќерка има 16 години и ме бакнува во уста секој ден пред да тргне во школо. Нека луѓето си ги гледаат своите животи, а да не гледаат во тужите“, биле дел од другите мислења и коментари.

Share
Scroll to Top