Капутите од овча кожа се еден од главните трендови зимава. Блогерките веќе набавија и покажаа како и со што би можеле да се носат, за секојдневен лежерен изглед.
Сезонава во тренд се и класичните авијатор јакни и винтиџ издолжени модели во духот на 70-те години. Во случајов, долгиот кафеав овчи капут, како моделите кои ги носи Елса Хоск, е предлог плус.
Овчиот капут во 70. години чинеше цело богатство, но денес може да се најдат модели по пристапни цени.