(Фото) Даниел Крег ги сними првите сцени во Србија за филмот „Нож во грб“

(Фото) Даниел Крег ги сними првите сцени во Србија за филмот „Нож во грб“

пред 4 години

Англискиот глумец Даниел Крег викендов ги сними првите сцени во Србија за филмот, „Нож во грб“. Тој бил виден во неделата утрото како излегува од својот хотел во центарот на Белград и со затемнети коли бил однесен на местото каде снимале.

Крег кој е познат по улогата на тајниот агент 007, Џејмс Бонд, цело време бил заштитен од фото-репортерите и новинарите. Тој веќе четири дена престојувал во Србија, а викендов снимале во еден објект во местото Крњача, во близина на унгарската граница.

„Нож во грб“ е дело на режисерот Рајан Џонсон. Станува збор за детективска приказна во манирот на Агата Кристи, кој повеќе потсетува на познатиот детектив Поаро, отколку на Џејмс Бонд. Крег глуми детектив Американец, кој повеќе го користи мозокот отколку тупаниците, велат критичарите.

Џонсон кој веќе има доаѓано во Белград, кога го снимаше филмот „Браќата Блум“ е познат и по снимањето на „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“.

За „Нож во грб“ планирани се три дела. За првиот потрошени се 40 милиони долари, додека за вториот и третиот се планирани 450 милиони долари.

Покрај Даниел Крег во филмот глумат Тони Колет, Џејми Ли Куртис, Крис Еванс, Кетрин Ленгфорд, Кристофер Пламер, Дон Џонсон. Филмот ќе биде емитуван на „Нетфликс“.

 

Share
Scroll to Top