(Фото) Дуа Липа со честитка за денот на Независноста на Косово пак ги провоцираше Србите

(Фото) Дуа Липа со честитка за денот на Независноста на Косово пак ги провоцираше Србите

пред 4 години

Британската пејачка со косовски корени, Дуа Липа, го честиташе Денот на независноста на Косово, кој се слави на 17 февруари и со објавата повторно ги испровоцира Србите.

“13 години. Никогаш нема да заборавам како го гледав на телевизија додека живеев во Приштина. Незаборавно. Горда сум на она што го постигнавме и што сè уште треба да го направиме”, напиша Липа под фотографијата со илустрација од нејзиниот лик и знамето на Косово.

Бројни обожаватели со коментари и го честитаа Денот на независноста и и порачаа дека е Кралицата на Косово.

 

Сепак, и годинава имаше коментари со критики,од тие за кои Косово е сеуште дел од Србија.

„Косово е срцето на Србија“, „Срамота“, „Косово е Србија“, „Може да земете сè, но Косово ќе биде дел од Србија засекогаш“, „Што ти е, по ѓаволите “, се само некои од коментарите.

Инаку, Дуа Липа често истакнува колку е горда на своето потекло, а во едно од последните интервјуа за магазинот „Ролинг Стоун“ изјави дека конфликтите на Косово го чинеле нејзиниот дедо кариера, бидејќи тој не сакал да поддржи ново пишување на косовската историја.

Share
Scroll to Top