(Фото) Едноставни и опуштени, Курт Расел и Голди Хоун на одмор во Грција

(Фото) Едноставни и опуштени, Курт Расел и Голди Хоун на одмор во Грција

пред 2 години

Познатата холивудска двојка, Курт Расел и Голди Хоун деновиве ги минуваат на одмор во Грција. Папараците на „Дејли Мејл“ ги снимија додека пловеа на глисер и изгледаа релаксирано, среќно и опуштено. Расел и Хоун се долги години заедно, но никогаш не ја официјализираа врската.

dobivaj vesti na viber

Првпат се запознаа во 1966 година кога снимаа неколку филмови заедно, меѓу кои The One and Only, Genuine и Original Family Band. Се заљубуваат по две децении подоцна, во 1983 година откако повторно ќе се спојат за снимањето на Swing Shift и Overboard.

Повторно ќе снимаат заедно за „Нетфликс“ во 2018 година како Дедо Мраз и Баба Мразица во The Christmas Chronicles и во неговото продолжение во 2020 The Christmas Chronicles 2. Голди Хоун кога ја прашаа која е нивната тајна за успешна врска, на шега рече, посебни купатила.

За потсетување, тие го имаат синот Вајат (35), а Голди ги има и Кејт (42) и Оливер (45), од бракот со Бил Хадсон.

Share
Scroll to Top